Дрогба љубезно го одбил Коринтианс

0

Поранешниот напаѓач на Челзи и Олимпик (Марсеј) Дидие Дрогба ги искористи социјалните мрежи, за да го објасни одбивањето да премине во Коринтијанс.

38-годишниот фудбалер доби понуда од бразилскиот тим, што сепак учтиво ја одбил.

„Се појавија многу гласини во врска со евентуалното мојот премин во Коринтијанс. За мене беше важно да зборувам со претседателот на клубот Роберто де Андраде, што го направив. Му објаснив дека сум поласкан од интересот за мене, но не мислам дека сега е моментот да направам ваков потег. Сакам да им се заблагодарам на навивачите на тимот за илјадниците пораки и желби. Ви посакувам успех во новата сезона”, напиша Дрогба.

За последен пат Дрогба го носеше дресот на канадскиот Монтреал Имапкт. Во моментов е слободен играч и бара нов ангажман.

Share.

Leave A Reply