Дрогба најави крај на фудбалската кариера

0

Напаѓачот Дидие Дрогба објави дека ќе стави крај на својата професионална фудбалска кариера по завршувањето на сезоната со тимот на Феникс во МЛС лигата на САД.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кој вчера наполни 40 години, имаше блескава кариера во Европа, а најголемите успеси ги постигна во девет сезони поминати со дресот на Челзи. Со Лондончани тој освои четири титули на Англија, четири ФА Куп титули, три Лига Купа на Англија и еднаш Лигата на Шампионите.

„Играта продолжува да ми дава задоволство. Уживам на теренот. Опкружен сум од многу млади играчи и сакам да им го пренесам моето искуство стекнато со годините. Но оваа сезона ќе биде последна за мене. Веќе сум со 40 години  и чувствувам дека времето ми е дојдено”, коментирал Дрогба, кој е играч и  косопственик на клубот Феникс.

Share.

Leave A Reply