Дујшебаев: Македонија е добар тим

0

Еден од најстандардните ракометари во шпанската репрезентација, „вардарецот“ Алекс Дујшебаев, смирено вели дека против Македонија, Шпанците ќе одат на победа.

„Знаеме дека ако ја победиме Македонија ќе бидеме први или втори. За нас е многу битен дуелот со Македонија и ни треба победа. Сигурно Македонија со Словенија не одигра добар меч, но тоа е добар тим. Ние мора да бидеме внимателни, затоа што Македонија има одлични ракометари. Одиме чекор по чекор“, изјави Дујшебаев.

Дуелот со Шпанија го играме утре во Мец со почеток од 20.45 часот. Ден подоцна за нас можеби е и клучниот меч во оваа прва фаза против селекцијата на Исланд.

Share.

Leave A Reply