Дујшебаев по третпат во тимот на колото

0

Десниот бек на ракометниот шампион Вардар, Алекс Дујшебаев по третпат сезонава се најде во изборот за најдобриот состав на колото во Лигата на шампионите.

Дујшебаев беше избран и во тимовите на 1. и на 10. коло. На дуелот со Цеље тој постигна 8 голови и сосема заслужено обезбеди место во идеалната седумка на ЕХФ.

Идеалните 7 според ЕХФ:

лево крило – Гудјон Сигурдсон (Рајн Некар)

лев бек – Момир Илиќ (Веспрем),

среден бек – Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)

десен бек – Алекс Дујшебаев (Вардар)

десно крило – Богдан Радивојевиќ (Флензбург)

пикер – Михаел Кнудесн (Силкеборг)

голман – Гонзало Перез де Варгас (Барселона).

Share.

Leave A Reply