Дујшебаев си замина од кормилото на Полска

0

Ракометната репрезентација на Полска остана без селектор. По синоќешното реми со селекцијата на Белорусија (27-27), Талант Дујшебаев реши да се повлече од селекторското место. Полјаците доживеаја дебакл во овој квалификациски циклус и во досегашните четири меча немаат победа.

„Јас сум најодговорен за резултатите. Затоа ја преземам одговорноста и поднесувам оставка“, изјави Дујшебаев по средбата со Белорусија.

Полска во група со Србија, Романија и Белорусија се чини ги загуби и минималните шанси за место на европското првенство во Хрватска, иако има уште две кола од квалификациите до крајот на циклусот.

Share.

Leave A Reply