Дурант ќе мора да оди на рехабилитација

0

Една од главните ѕвезди во екипата на Голден Стејт, Кевин Дурант, ќе го пропушти воведот во финалето на Западната конференција во НБА против составот на Портланд. Кошаркарот на „Вориорс“ се повреди на петтиот натпревар против Хјустон а медицинските прегледи утврдиле дека има  благо истегнување на лигаментот.

Отсусутвото на Дурант ќе биде голем хендикеп, но, челниците и тренерскиот штаб се надеваат дека тој ќе биде подготвен за третиот меч во серијата подобар од седум. Искусниот играч во плеј-офот се појави на 11 натпревари и беше најдобар поединец со просек од 34,2 поени, 5,2 скока и 4,9 асистениции.

Воведната пресметка меѓу Голден Стејт и Портланд ќе  биде одиграна утре во 03.00 часот по наше време.

Share.

Leave A Reply