Кошаркарите на Голден Стејт доцна во ноќта во 03.00 часот по наше време во „Оракл Арена“ ќе го пречекаат тимот на Торонто во рамките на големото финале на НБА лигата.
Еден од најдобрите домашни играчи, Кевин Дурант, ќе мора го пропушти и четвртиот меч на кој Голден Стејт ќе се обиде да дојде до изедначување во победи и да ја задржи тензијата околу шампионскиот прстен.
Тоа значи дека Дуран има многу потешка повреда од претходно објавеното и дека ќе мора да паузира и на деветтиот меч по ред. Во исто време добра вест за Голден Стејт е тоа што ќе се врати Томпсон кој претходно се соочуваше со повреда.