Кевин Дурант ќе го пропушти вториот натпревар од финалната серија на Западот со Портланд поради повреда. Еден од најдобрите кошаркари на актуелните шампиони, се уште продолжува со рехабилитацијата по повредата која ја доби во полуфиналната серија.
Според клупски извори, Дурант денеска ќе оди на нови прегледи кои ќе покажат каква е состојбата со него и кога евентуално би можел да се врати на терените.