Дурант нема планови за наредните години

0

Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант,  сеуште не е сигурен каде ќе игра во сезоната 2019/20. Американец кој е висок 210-сантиметри и ја освои наградата за „најкорисен играч“ на финалето во последните две сезони, има само уште една година од договорот со „Воините”.

„Јас не знам што ќе ми се случи во наредното лето. Луѓето често ме прашуваат за тоа и почнуваат да шират гласини. Јас не сум разговарал со никого околу тоа прашање, се што се пишува и зборува е само во сферата на веројатности. Ќе играм таму каде што ќе се чувствувам комфорно” – изјави Дурант.

Ќе потсетиме дека кошаркарот сеуште се соочува со критики низ медиумите бидејќи пред две години ја напушти Оклахома и потпиша со Голден Стејт.

Share.

Leave A Reply