Дурант очекува нови тешки мечеви

0

Кевин Дурант беше најдобар играч на Голден Стејт на теренот на Хјустон во разигрувањето за титулата во кошаркарската НБА лига. Сепак неговата добра партија не беше доволна да се избегне поразот од 127 спрема 105 по  што Хјустон дојде до изедначување во победи на 1-1.

„Ние не сме непобедливи. Да, ние сме добар тим, но, и друга страна има одлични кошаркари. Шармот на играта е во тоа. Убавина. Понекогаш победувате. Понекогаш добивате удар во лицето. Целата убавина е како ќе реагирате на ударот “, рече Дурант по мечот со Хјустон.

Наредните два натпревара од финалето на Западната конференција ќе се реализираат во Оракл Арена во Окланд на теренот на Голден Стејт.

Share.

Leave A Reply