Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Кевин Дурант ќе пропушти голем дел од следната сезона поради тешката повреда.
Кошаркарот на Голден Стејт има сериозна повреда на Ахиловата тетива и ќе мора да се опоравува меѓу 7 и 10 месеци.
„Операцијата помина успешно и веднаш почнувам со рехабилитација. Ви благодарам за поддршката. Кошаркарска е мојата најголема љубов и сакам да сум на теренот и да им помогнам на моите соиграчи. Знам дека моите браќа можат да победат на шестиот натпревар. Ќе стискам палци“, напиша Кевин Дурант на својот Инстаграм профил.