Дурант повторно МВП на финалната серија

0

Кевин Дурант повторно ја доби наградата за најкорисен играч во финалето од НБА лигата.

Дурант го заврши четвртиот натпревар од овогодинешните финалини натпревари со „трипл-дабл”, по што втора година по ред беше избран за „Најкорисен играч” на финалната серија. 29-годишното крило ја заврши серијата со средни индикатори од 28.8 поени, 10.8 скока, 7,5 асистенции, 2,0 блокади и 0.8 украдени топки.

Несомнено највпечатливо му беше претставување во натпревар број 3, во кој тој постигна 43 поени, 13 скока и 7 асистенции.

Дурант ја освојува оваа индивидуална награда втора година по ред и продолжува со стопроцентна успешност откако е во Голден Стејт, освојувајќи две титули за две сезони во Калифорнија. Тој пристигна во Оукланд во текот на летото на 2016 година, откако ги помина првите девет години од својата кариера во Сиетл и Оклахома Сити.

 

Share.

Leave A Reply