Кевин Дурант сака да ја поправи грешката од минатата година кога потпиша договор со екипата на Голден Стејт Вориорс за далеку помала заработувачка во однос на сумата што можеше да ја добие во Оклахома Сити Тандер.
Според медиумите во САД, 29-годишниот кошаркар кој има освоено една НБА титула, еднаш беше МВП на лигата и дури девет пати настапи на „Ол-стар“ мечевите, сега ќе побара нов договор со далеку поголема плата.
Дурант одигра 68 натпревари на кои во просек имаше по 26,4 поени, 6,8 скокoви и 5,4 асистенции.