Дувњак ќе оди на операција, ја завршува сезоната

0

Хрватскиот ракометар и член на германскиот тим Кил Домагој Дувњак најави дека ќе мора да оди на операција и нема да може да и помогне на својата екипа во продолжението од сезоната.

Истовремено и самиот тим на Кил откри дека ќе биде сериозно ослабен за четвртфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Хрватскиот плејмејкер Дувњак ќе замине на операција на коленото и нема повеќе да одолговлекува со санирање на повредата. Неговата цел е јасна , а тоа е да биде подготвен за следна сезона, но и за Европското првенство во Хрватска во јануари 2018 година.

„Коленото ми беше подобро, па настапив со села сита во Купот. Сепак, веќе нема бегање, затоа одлучив да бидам опериран оваа недела. Тоа е дефинитивната моја одлука и одлука на клубот“ истакна Дувњак.

Средниот бек на „Кол според прогнозите го очекува пауза од најмалку шест месеци, па ќе му се стави на располагање на новиот селектор на Хрватска Лино Червар за ЕП што ќе се одржи во јануари 2018 година токму во неговата земја.

Share.

Leave A Reply