Двајца Французи по Мастерсот во Париз заминуваат во пензија

0

Двајца француски тенисери и официјално ќе заминат во пензија по турнирот од серијата „Мастерс 1000“ кој следува во Париз, 35-годишниот Жилиен Бенето и неговиот врсник Пол-Анри Матју решија да стават крај на својата долгогодишна кариера со одигрувањето на последниот турнир во тековната година.

Бенето доби “вајлд карта” за учество на турнирот и во 1. коло ќе игра против Денис Шаповалов од Канада. Тој има 12 титули во игра на двојки, од кои една и до Ролан Гарос во 2014 година, но ниту еднаш не успеа да слави на АТП турнир во сингл.

Матју во Париз исто така ќе учествува со специјална покана, но во игра на двојки. Таму во комбинација со Беноа Паире ќе се обидат да стигнат што подалеку во неговиот последен настап.

Share.

Leave A Reply