Македонските кадетски репрезентативци , браќата Илхан и Ајхан Озмен победија на денешните борби на Националниот Куп во Врбас 2019 и обезбедија полуфинале.
Илхан Озмен во категоријата до 60 кг го победи Ференц Саму од Унгарија кој освои бронза на последното Европско првенство. Во полуфиналето противник на Илхан Озмен е репрезентативецот на Русија, Максим Шумов.
Ајхан Озмен во категоријата до 66кг славеше победа над Дарко Мрдовиќ од Црна Гора. Противник на Ајхан Озмен во утрешното полуфинале ќе биде боксерот од Романија, Себастијан Трандафир. Нашиот претставник во категоријата +80кг, Адријан Аземи утре ќе ги врксти ракавиците со Алија Месиќ од БИХ, борба од полуфиналето на овој турнир.
Македонските боксери за прв пат сезонава имаат три полуфинални борби на еден турнир од Меѓународен од А категорија.