Две пречки се појавија пред евентуалниот трансфер на Жиру во Интер

0

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру, има две големи пречки за да направи трансфер во екипата на Интер, пренесува „Газета дело Спорт“.

За Жиру се смета дека е на самиот врв на листата на желби на тренерот Антонио Конте, бидејќи се бараат повеќе опции во нападот, откако Алекс Санчез неколку месеци е надвор од терените поради повреда. Според „Газета“, двата големи проблеми за Французинот да се преслеи во Милано се неговите барања за платата и должината на договорот.

Жиру моментно заработува околу 8 милиони евра по сезона на „Стемфорд Бриџ“, нешто што Интер нема да му го понуди. Друго прашање е времетраењето на договорот, бидејќи Интер би сакал да му понуди само 18-месечен договор, додека напаѓачот сака договор до 2022 година.

Share.

Leave A Reply