Карим Абдул Џабар една од најмаркантните личности во историјата на НБА лигата и во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, излезе со поддршка за сегашната кошаркарска ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс.
„Леброн нема потреба да се докажува пред никого и не треба да ги слуша мислењата на другите. Реално гледано, тој сам не може да ја донесе титулата во Лос Анџелес и затоа му треба помош. Мислам дека сега ја доби во лицето на Ентони Дејвис“ – рече Карим Абдул Џабар во последното интервју.
„Ако тој е здрав а другите играат на нивото на кое можат, не верувам дека пласманот во плеј-офот би бил проблем. Навивачите на Лејкерс се гладни за успех и верувам дека ќе го поддржат тимот “ – вели легендарниот играч од НБА.