Светската централа ФИФА, започна дисциплинска постапка против хероите на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шакири, поради начинот на кои ги прославуваа головите на средбата со Србија.
Политичките пораки кои сакаа да ги упатата, според ФИФА не се својствени за спортски настан, па затоа и двајцата одат на дисциплинска. Гестот е сфатен како провокација, а какви ќе бидат казните останува да се почека.