Џејкоб Вајли е новиот кошаркарски репрезентативец на Македонија

0

Кошаркарот на шпанскиот ACB лигаш, Гран Канарија, Џејкоб Вајли (26 години- 203 сантиметри), ќе биде во конкуренција за едно од 12. места во репрезентацијата на Македонија на претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

И дефинитивно процедурата за неговото добивање македонско државјанство е завршена на време, и тој е веќе регистриран во канцеларијата на ФИБА.

„Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова“- изјави Вајли по доаѓањето во Скопје, каде во текот на денот требаше да ги заврши оние неопходни формалности за добивање на македонската патна исправа.

Тој одработи 90-минутен индивидуален „воркаут“, односно тренинг во СРЦ „Кале“. Секако се со цел да биде максимално подготвен за она што на крајот на овој викенд го очекува како клупска обврска со неговиот клуб Гран Канарија. А веќе од првиот ден од наредната седмица, и со нашиот национален тим.

Share.

Leave A Reply