Џејмс и Јанис ги одбраа стартните петорки

0

Капитените на двата тима кои ќе го одиграат Ол-стар мечот, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, ги распоредија НБА кошаркарите во нивните екипи.  Бидејќи нема класична пресметка Запад- Исток,  тие само ги определија стартните петорки и резервите.

Тимот на Леброн кој ќе го води тренерот, Мајкл Мелоун од Далас,  ќе започне со Дурент, Харден, Ирвинг и Ленард  додека резерви ќе бидат: Олдриџ, Дејвис, Лилард, Симонс, Томпсон, Бил, Таунс и Вејд. Во екипата на Адетокумбо која од клупата ќе ја води Мајк Баденхолцер (Милвоки), ќе стартуваат: Кари, Ембид, Џорџ и Вокер  додека на клупата ќе останат: Јокиќ, Вучевиќ, Лаури, Вестбрук, Расел, Мидлтон, Грифин и Новицки.

Новото 68-мо издание на традиционалниот Ол-стар меч ќе биде на 17 февруари  во Шарлот.

Share.

Leave A Reply