Џејмс : мојот ефект е во втор план, значајна е победата

0

Бранителот на трофејот во НБА лигата, Кливленд Кавалирс, благодарение на одличната партија на Леброн Џејмс во вториот дел на мечот со Индијана, успеа да анулира негатива од 25 поени. Џејмс запиша трипл-дабл од 41 поен, 13 скокови и 12 асистенции.

„Знаевме дека ќе мора да примиме неколку удари, ама не го очекувавме тој налет. На полувремето им реков на момците: Ајде да ги запреме неколку пати. Во почетокот на третата четвртина видов дека не оди според планираното, но, им верував на момците“ вели Џејмс.

„Помислив дека треба да направам исчекор и да ја барам топката што повеќе. Само се обидував да им помогнам на соиграчите да победиме, без разлика кој е на паркетот. Победата е значајна, затоа сум тука“ -рече коашркарот на Кливленд.

Share.

Leave A Reply