Џејмс откри во кој клуб сака да се пензионира

0

Кошаркарот, Леброн Џејмс, кој се вбројува меѓу легендите на НБА, лигата, изјави, дека сака кариерата да ја заврши во редовите на Лос Анџелес Лејкерс доколку се создадат услови за тоа. Познато е дека пандемијата на корона-вирусот ги прекина возбудувањата во најсилната светска кошаркарска лига и дека дел од играчите се во само-изолација откако неколку  беа позитивни на вирусот.

„Можам да кажам една работа во моментов – не сакам да играм за ниту еден друг тим освен за Лејкерси, тука сакам да бидам до крајот на животот“  – изјави Џејмс кој се наоѓа на третото место на вечната листа според бројот на постигнати поени. Пред него се Карим Абдул –Џабар и Карл Мелоун.

Џејмс досега има освоено три шампионски прстени , четири пати беше прогласен за МВП а дури 16-ет пати беше дел од ревијалниот меч на ѕвездите или така наречен – „Ол Стар“.

Share.

Leave A Reply