Џенингс одигра одлично иако имал трема

0

Кошаркарот, Брендон Џенингс, кој по една година пауза се врати во НБА лигата, имаше блескаво деби во дресот на Милвоки.

28-годишниот бек за малку остана без „троен-ефект“ на мечот со Мемфис откако на теренот помина вкупно 24 минути.  Тој постигна 16 поени, имаше 8 скокови и направи 8 асистенции а еговиот тим славеше со 121 спрема 103.Веднаш по мечот играчот на Милвоки обајснил дека бил многу нервозен и дека имал мала трема.

Џенинг добро ја познава атмосферата во Висконсин бидејќи неговата НБА кариера започна токму таму во далечната 2009 година. Тој играше вкупно 4 сезони Милвоки а потоа го носеше дресот и на: Детроит, Орландо, Њујорк и Вашингтон.

 

Share.

Leave A Reply