Џенова официјално објави дека ќе побара одложување на претстојниот натпревар против Торино во сабота. Клубот има 14 случаи на коронавирус, меѓу нив има фудбалери и дел од персоналот на клубот. Само пред три дена имаше само двајца играчи со позитивни тестови на ковид -19.
Според здравствениот протокол во Италија, нема минимален број на заразени во клубот што би довело до задолжително одложување на натпреварот. Во овој случај, потребна е согласност од другиот клуб.
Спортскиот директор на Џенова, Даниеле Фаџано се сомнева дека тоа е причината за тешкиот пораз со 0:6 од Наполи во неделата. Неговата екипа прими пет гола во второто полувреме.
„Во моментов не можеме да тренираме. Ќе видиме дали ќе го одложат натпреварот“, изјави Фаџано.
Со оглед на тоа што Џенова играше со Наполи, сите фудбалери и вработени во клубот ќе мора да бидат тестирани, бидејќи е многу веројатно дека ќе има заразени меѓу нив.