Џерард очекувал поубедлива победа

0

Дебито на Стивен Џерард на менаџерското место во Глазгов Ренџерс помина со победа од 2:0 над екипата на Шкупи во квалификациите од Лигата на Европа. По мечот во кој Шкотите успеаја со гол од пенал во дополнителното време за игра да дојдат и до поубедлив триумф, Џерард искажа задоволство од резултатот.

„Задоволен сум од резултатот. Одигравме на задоволително ниво, но не и на она вистинското на кое можеме. Има многу позитивни нешта од овој дуел, но мораше да се обидеме да го решиме овој двомеч уште на овој меч. Имаме уште многу работа и треба да изгледаме доста поубедливо“, вели Џерард.

Share.

Leave A Reply