Џима ја забележа првата индивидуална победа во кариерата

0

Украинката, Јулија Џима, изненадувачки победи во трката на 15 километри во Поклука (Словенија) на стартот на новата сезона во Светскиот куп во биатлон. 28-годишната натпреварувачка која имаше стартен број – 94,  немаше промашување на стрелиштето и постигна вкупно време од 43: 06.6 минути.

За неа, тоа е прва индивидуална победа во Светскиот куп. Џима е олимписки шампион со штафета на Украина од Игрите во Сочи. Втора заврши Моника Хониш од Полска со едно промашување додека Маркета Давидова од Чешка го освои третото место и прв пат во кариерата се искачи на подиумот.

Олимписката шампионка од Пјонг Јанг 2018, Хана Јоберг (Шведска) заврши на осмото место додека бранителот на пехарот во Светскиот куп,  Каиса Макаринен (Финска) оствари разочарувачки пласман. Натпревари во Словенија ќе продолжат в петок со машкиот спринт на 10 км.

Share.

Leave A Reply