Џинобили стана 10-ти играч во НБА со 200 меча во плеј-офот

0

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Ману Џинобили стана еден од само 10-те НБА кошаркари во историјата кои имаат одиграно над 200 натпревари во плеј-офот. Синоќа на дуелот со Мемфис, Аргентинецот го одигра својот 200-ти меч во разигрувањето.

Претходно оваа магична граница ја мина и Леброн Џејмс, кој со синоќешната победа над Индијана го запиша својот 202 меч во плеј-офите. Во вечната листа се наоѓаат и Пипен (208), Паркер (216), О’Нил (216), Брајант (220), Џабар (237), Ори (244), Данкан (251) и Фишер (259).

Share.

Leave A Reply