Една од најстарите велосипедски трки во светот, „Џиро Ди Италија“ следната година ќе почне од Болоња. Како што објавија организаторите стартот на трката ќе мине со хронометар на 8,2 километри.
102-то издание на трката ќе започне на 11 мај и ќе заврши на 2 јуни. Болоња по пауза од 25 години за првпат станува домаќин на премиерната етапа на популарното Џиро.