Џонсон: Џејмс е главниот кандидат за нагрaдата МВП

0

Легендарниот кошаркар на Лејкерси, Меџик Џонсон, проценува дека сегашната ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс, може да го добие признанието за најкорисен играч во тековнава сезона во НБА лигата.

Џонсон кој  беше прогласен трипати за МВП во најсилната светска лига и тоа во 1987, 1989, 1990 година, наброја повеќе играчи кои може да се борат за престижната награда. Тој на првото место го постави Леброн Џејмс пред Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо.

Потоа се наредени: Џејмс Харден, Каваи Ленард, Ентони Дејвис, Никола Јокиќ, Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Паскал Сијакам, Донован Мичел, Бен Симонс, Кајри Ирвинг, Демиан Лилард, Карл Ентони Таунс и Девин Букер.

 

Share.

Leave A Reply