Британскиот боксер, Ентони Џошуа, ќе ги брани појасите во тешка категорија против Бугаринот Кубрат Пулев. Мечот е закажан во месец мај.
Информацијата ја потврди Бугаринот со објава на социјалната мрежа –„Фејсбук“. Бугарските медиуми објавија дека борбата треба да се одржи во Истанбул на стадионот на Бешикташ, но, информација не е потврдена од страна на Светската боксерска федерација.
Пулев во досегашната кариера има 29 борби и само еден пораз од Владимир Кличко во меч кој беше оддржан пред пет години.