Џошуа не чувствува притисок пред мечот со Поветкин

0

Боксерот, Ентони Џошуа, на мечот против Александар Поветкин на 22 септември на стадионот – „Вембли“, ќе влезе подготвен да ги одбрани појасите на Меѓународната боксерска федерација (IBF), Меѓународната боксерска организација (IBO), Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светската боксерска организација (WBO).

Шампионот на средбата со новинарите, изјавил, дека максимално се подготвува за големиот меч и дека ги знае слабостите на противникот. Џошуа во негов стил најави голем спектакл.

„Ќе одам таму и ќе се забавувам. Знам како ќе се справам со него. Ќе боксувам и ќе се смеам, максимално го анализирав противникот“ – вели британскиот боксер. Неговиот противник, Александар Поветкин, има 39 години. Тој во досегашната кариера има 34 победи од кои 24 се со нокаут.

Share.

Leave A Reply