Џошуа vs. Кличко на „Вембли“?

0

Најавената борба за светски шампион во IBF верзијата во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа може да се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон. Промоторот на британскиот боксер изјави дека има големи шанси дуелот на овие двајца боксери да биде на националниот стадион на Англија.

Претходно беше објавено дека Џошуа ќе има има борба на 10 декември против Ерик Молина, но истата се уште не е потврдена.

„Јас би сакал оваа борба со Кличко да ја направиме на стадионот ’Вембли’. Ова е совршено место за еден ваков спектакл. Но стравувањата се само поради временските услови“, изјавил менаџерот Еди Херн.

Share.

Leave A Reply