Леброн Џејмс кој во текот на летото направи трансфер во Лос Анџелес Лејкерс, вели дека секогаш лобирал кај кошаркарите да го засилат тимот во кој тој настапува бидејќи тоа е сосема нормална работа во НБА лигата.
„Не знам зошто е тоа повторно актуелно. Не е ништо ново. Тоа е нормално. Од 2007 година се обидувам да доведам квалитетни играчи покрај мене. Често ме одбивале, но, неколкумина и позитивно ми одговариле на поканите и заедно дававме многу повеќе за тимовите за кои настапувавме“ – вели Џејмс.
Неговиот тим по одиграни 33 средби во тековнава сезона има 19 победи и 14 порази што го носи на 4. место на табелата во Западната конференција.