Германски Магдебург попладнево ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер во реваншот од осминафиналето во Европската лига. Битолчани по поразот на првиот меч на домашен терен, останаа практично без многу шанси за изненадување, но желбата кај нив останува да се поправи впечатокот од првиот меч.
Еурофарм Пелистер на овој меч ќе биде без првиот тренер Жељко Бабиќ поради коронавирус, а како проблем плус ќе ја имаат и извонредната серија од 22 меча без пораз за Магдебург.
Реваншот во Германија вечерва тргнува од 18:45 часот.