Полските медиуми денеска објавија дека Извршниот комитет на ЕХФ во текот на вчерашниот ден одлучувал за поделбата на „вајлд-картите“ за Лигата на шампионите за следната сезона, а во листата не се нашол македонскиот тим, Е. Пелистер.
Полјаците велат дека ЕХФ решила „вајлд-картите“ за ЛШ да ги подели на Нант, ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје и Мешков Б.
Е. Пелистер заедно со Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, Висла Плоцк, Мотор Запорожје и ГОГ Гудме ќе играат во Лигата на Европа.