Еден од најдобрите тенисери на денешницата е во голема криза

0

Шпанецот, Рафаел Надал, кој  е втор најтрофеен тенисер веднаш зад Швајцарецот, Роџер Федерер, ја реализира најслабата сезона откако е активен во професионалните води.

Тој по речиси една деценија и половина,  прв пат во првите 4 месеци од годината не успеа да освои трофеј. Тој во единственото одиграно финале во тековнава сезона загуби од Србинот, Новак Ѓоковиќ. Претходно се повлече во полу-финалето против Федерер во Индијан Велс додека на сите други терени на кои се појави, максимумот му беше пласманот меѓу најдобрите четири.

Надал кој е наречен „крал“ на земјените терени,  во минатото имаше одредени здравствени проблеми што очигледно го спречија да се врати во посакуваниот победнички ритам.

Share.

Leave A Reply