Ефес си обезбеди одлично засилување

0

Тешкото крило, Крис  Сингелтон, во наредната сезона ќе го носи дресот на екипата на Анадолу Ефес.  29-годишниот Американец откако потпиша договор со финалистот во претходната сезона во Евролигата, за прв пат во кариерата ќе настапува во шампионатот на Турција.

Тој во изминатата сезона ги бранеше боите на шпанската Барселона. Сингелтон има богато искуство од Европа бидејќи играше за Панатинаикос- Грција и Локомотив Кубан во Русија. Договорот меѓу Сингeлтон и Анадолу Ефес ќе биде само за една сезона. Во истиот има  клаузула дека соработката може да продолжи за уште една година.

Поранешниот кошаркар на Вашингтон во екипата на Барселона имаше во просек на натпревар по 8,0 поени, 4,4 скока и 1,1 украдена топка

Share.

Leave A Reply