Денес е завршницата на СП во ракомет за играчи до 19 години што се одржува во Скопје. Последните натпревари ќе ја направат распределбатана медали и ќе ни го дадат новиот светски ракометен владетел во оваа конкуренција.
Репрезентациите на Германија и Египет ќе се сретнат во големото финале и ќе играат за светското злато, додека во борба за бронзата се среќаваат Португалија и Данска. Натпреварите се играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 15.30 часот (за 3 место) и големото финале од 18 часот.
Влезот за гледачите е слободен па оние кои сакаат да ги видат на дело новите светски прваци ќе може да го направат тоа во попладневните часови.
Во борба за 7 место репрезентацијата на Шпанија беше подбра од Исланд со 30:26, додека за 5 место Унгарија беше убедлива против Франција и ја победи со 31:20.