Египетски бизнисмен го купува Барнли за 200 милиони фунти

0

Египетскиот бизнисмен Мохамед Ел Кашаши постигна договор со претседателот на Барнли, Мајк Гарлик, за купување на англискиот клуб.

Според медиумите на Островот, зделката ќе вреди 200 милиони фунти. Партнер на египќанецот во овој потфат е спортскиот адвокат Крис Фарнел. Пред извесно време, Фарнел се обиде да го купи Чарлтон, но поради неправилности во зделката му беше забрането од англиската фудбалска лига да поседува фудбалски клуб. Фарнел потоа се жалел на санкцијата, обвинувајќи дека се работи за административна грешка и забраната му била укината.

Ел Кашаши и Фарнел веќе ги обезбедиле средствата за зделката и веруваат дека ќе го поминат тестот на кој Премиер лигата го става секој кандидат-сопственик и транспарентноста на соодветното финансирање. Ел Кашаши, наводно, преговарал за купување на Барнли повеќе од една година.

Share.

Leave A Reply