ЕХФ одлучи да ги откаже баражите за Светското првенство во Египет што значи дека нашите најдобри ракометари нема да имаат меч со Франција и за прв пат по 12 години нема да бидат дел од Мундијалот.
Згора на тоа Вардарци во ЛШ нема да играат со Пик Сегед откако беше донесена одлука да се скокнат елиминациски рунди и двете најдобри екипи од А и Б групата да настапат на завршниот турнир. Тоа значи во битката за пехарот ќе учествуваат Барселона Кил, Веспрем и Пари Сен Жермен.
Во женската Лига на шампиони оставен е простор за одигрување на четвртфиналињата на завршниот турнир во септември Будимпешта. Ако тогаш нема услови да се игра, новиот термин ќе биде во октомври, но, без четврт-финале. Тоа значи дека ќе играат само Мец, Брест, Есбјерг и Ѓер како најдобри од групната фаза. Пред време завршија и женските ракометни квалификации за Европскиот шампионат а со тоа и настапот на нашите најдобри ракометарки.