ЕХФ ги објави списоците

0

Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија ќе бидат сместени во третиот шешир при формирањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет во 2022 година. Тоа значи дека споменатите селекции не може да ги добиеме за противници.

Директен пласман во завршницата покрај домаќините Унгарија и Словачка обезбедуваат и Шпанија и Хрватска додека преку квалификациите учество  ќе обезбедат двете првопласирани од сите осум групи и четирите најдобри кои завршиле на третата позиција.Формирањето на групите ќе биде на 16 јуни.

Еве како се поставени селекциите
1: Норвешка, Шведска, Данска, Франција, Германија, Словенија, Чешка и Исланд
3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска и Белгија
4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.

 

Share.

Leave A Reply