Голот на Мирко Радовиќ со кој Еурофарм Работник дојде до победа на вчерашниот меч со Савехоф во групната фаза во Лигата на шампионите, беше погласен од страна на ЕХФ за најубав во осмото коло.
Ракометарот на Битолчани погоди за 32-31 со што ја донесе втората победа за неговиот тим во дебитантската сезона. Најубавата одбрана ја има Андреас Волф, голманот на Кјелце, кој се истакна на мечот со нашиот Вардар.
Во идеалниот тим тим влегува и бекот на Кијелце, Игор Карачиќ, заедно со Ландин од Кил како лево крило, Шарац од Целје како лев бек, Рајкинд од Кил на десната крилна позиција, Гомез од Барселона (десно крило) и пивотменот на Порто, Роча.