ЕХФ ги одреди најдобрите трансфери

0

Трансферот на Игор Карачиќ од Вардар во редовите на полскиот состав Кијелце е на првото место на најдобрите 12 трансфери според оценката на Европската ракометна федерација – ЕХФ.

Хрватот по седум сезони поминати во Скопје и освоените две титули во Лигата на шампионите како и наградата МВП на последниот турнир во Келн, се определи да побара нов предизвик.  Покрај Карачиќ на Топ 12 листата се најдоа и уште неколку поранешни играчи на „црвено-црните“.

Станува збор за Рожерио Мораеш и Вуко Боразан кои потпишаа за унгарскиот првак Веспрем како и за eкс вардарецот, Лука Циндриќ, кој замина од Кјелце и потпиша за Барселона.

Share.

Leave A Reply