ЕХФ ги одреди судиите за првото коло на ЕП

0

Судиите од Романија, Константин Дин и Сорин-Лаурентин Дину ќе го водат мечот на 13 јануари меѓу Македонија и Словенија на стартот на групната фаза на Европското првенство во ракомет во Хрватска.

Откако ЕХФ ги делегираше судиите за 1. коло, втората средба од нашата група меѓу фаворитот Германија и репрезентацијата на Црна Гора им припадна на судиите од Франција, Стеван Пичон и Лорен Ревер.

Првиот меч на континеталниот собир меѓу домаќинот Хрватска и селекцијата на Србија ќе го судат германските судии Ларс Геипел и Маркус Хелбриг. Македонските претставници Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го добија мечот од групата „А“ меѓу Шведска и Исланд.

Share.

Leave A Reply