ЕХФ го одложи натпреварот ПИК Сегед – ПСЖ

0

Според планот утре и задутре требаше да започне новата сезона во Лигата на шампионите во ракомет со одигрување на 4 натпревари во среда и четврток, но утрово од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) информираат дека еден натпревар е одложен.

Екипата на ПСЖ нема да патува кај унгарскиот тим ПИК Сегед во Сегедин, и овој натпревар кој требаше да се игра во четврток од 18.45 часот нема да се одигра во планираниот термин.

Поради заразени ракометари во редовите на унгарскиот вицешампион, поголемиот дел од екипата мораше да заврши во карантин, па така на ЕХФ не му преостана ништо друго освен да го одложи овој натпревар.

Од ЕХФ информираат дека во координација со двата клуба наскоро ќе го одредат новиот термин за одигрување на овој натпревар.

Share.

Leave A Reply