Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го одложи натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите меѓу францускиот шампион ПСЖ и актуелнио шампионот на Европа, Вардар.
„Црвено-црните“ требаше да патуваат во француската престолнина утринава во 11:00 часот, но чартер летот беше откажан поради доцните резултати од тестирањата на Ковид-19 и двата позитивни случаи во стручниот штаб на екипата.
Вардар досега имаше одложени две средби, една поради коронавирус во редовите на противникот (ПИК Сегед) и една поради ковид протоколи (Елверум). Вардар досега има одиграно тринатпревари во ЛШ, загуби од Мешков Брест, го победија Фленсбург и одиграа нерешено со Порто.
ПСЖ имаше само еден одложен натпревар во Лигата на шампионите и тоа гостинскиот против ПИК Сегед. Имаат одиграно четири натпревари и остварено една победа против Елверум.