ЕХФ и клубовите ги одредија термините за 1/8 финалните натпревари

0

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во координација со клубовите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите и ТВ куќите што ги имаат правата ги одредија термините за одигрување на натпреварите.

Нашиот шампион Вардар во оваа фаза ќе игра против ППД Загреб. На првиот натпревар домаќин е хрватскиот тим и тој е закажан за 23 март (сабота) во 20:30 часот во „Арена Загреб“. Реваншот во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра на 30 март (сабота) 2019 година во 19:30 часот.

Во текот на наредните денови од Вардар ќе излезат со дополнителни информации околу продажбата на билетите за осминафиналниот меч што се игра во Скопје.

Share.

Leave A Reply