ЕХФ не се откажува од идејата на средбите од ЛШ да се патува со чартер летови

0

Европската ракометна федерација ја разгледува можноста да се најде спонзор кој би ги платил клупските чартер летови за да може да се одржи следната сезона од Лигата на шампиони.

Пандемијата на коронавирусот ја прекина претходната ракометна сезона, и се чини дека таа многу ќе влијае и на следната. Европската ракометна федерација беше принудена да го откаже завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција, кој претходно беше одложен за септември. Во овој момент неизвесно е и одржувањето на завршниот турнир во машка конкуренција закажан за декември.

Границите се отвораат и се затвораат низ целиот свет, во согласност со промените во ширењето на епидемијата во секоја земја, патните ограничувања и обврските за карантин, исто така, се разликуваат од земја до земја и ова дополнително ја комплицира веќе тешката состојба на меѓународните натпреварувања во сите спортови.

ЕХФ, наводно, бара систем со кој може да ја одржи Лигата на шампионите следната година. Идејата е да се најде спонзор кој би ги платил тимските чартер летови за клубовите непречено да можат да патуваат на натпреварите. На тој начин, ќе се скратат доцнењата на аеродромите и ќе се избегне контакт на спортисти со други патници.

Можно е еден дел од трошоците за овие патувања да падне на клубовите, но тој дел би бил еднаков на оној што клубовите сигурно би ги издвоиле за редовни патувања.

Share.

Leave A Reply