ЕХФ одреди нови термини за ЛШ и баражите за Мундијалот

0

Европската ракометна федерација денеска определи нови термини за мечевите во Лигата на шампионите под услов да се запре пандемијата на корона-вирусот. Тоа значи дека мечевите меѓу Вардар и унагрскиот Пик Сегед кои беа закажани за 22 март во Скопје и на 29 март во Сегедин, сега се поместени за 3 или 4 јуни додека реваншот во Унгарија би требало да се игра на 6 или 7 јуни.

Вардар ако успее да ја добие битката со Пик Сегед, тогаш во четврт-финалето ќе игра на 24 или 25 јуни (прв меч) и на 27 или 28 јуни (реванш). Доколку пандемијата со корона-вирусот не дозволи сезоната да продолжи, ЕХФ планира да нема елиминации туку директно фајнл-фор турнир во Келн. На него би играле првиот и вториот од групите А и Б, тоа се: Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ.

Промената има и за баражите за Мундијалот. Македонија со Франција требаше да игра во терминот од 5 до 11 јуни, но, сега мечевите со „триколорите“ се поместени за 1/2 јули во Скопје и 4/5 јули во Франција.

Share.

Leave A Reply